Пожарникарите гаснеле запален автомобил, сува трева и борова шума

Кумановците пожарникари изминатите 24 часа бележат четири интервенции, стои во дневниот билтен од РЦУК.

Првата интервенција била во село Романовце, при што гаснелe запалена сува трева. Нешто подоцна интервенирале во село Стрезовце, каде што горела борова шума. Пожарникарите реагирале и во стан на булеварот Октомвриска револуција од каде што се ширел чад. Ноќва, еден час по полноќ гаснеле запален автомобил на улицата Никола Тесла.

Пожарникарите од Старо Нагоричане пак изминативе 24 часа гаснеле пожар во село Стрезовце, каде била зафатена борова шума од околу 20 хектари.

Коментари

коментар(и)