Позната програмата за годинешните Денови на комедија

Претстави од Македонија, Србија, Хрватска и Бугарија годинава ќе се најдат на меѓународниот театарски фестивал „Денови на комедија“ во Куманово.

Честа да го отвори фестивалот ќе му припадне на Театар Велес со претставата „Синиот портокал“ на 27-ми септември со почеток во 20 часот.

Вкупно 10 претстави ќе влезат во трката за награди за кои ќе одлучува специјално жири, додека 11-та претстава што ќе го затвори фестивалот на 15 октомври е „Обвинителка“ и таа ќе биде надвор од конкуренција за награди.

Продажбата на билети ќе започне од 22 септември (петок) од 12:00 часот на билетарницата во Центарот за култура.
Цена на билет е 200 денари.

Коментари

коментар(и)