Показна вежба за укажување прва помош

Скршеница на подлактица е најчестата повреда што може да се добие при сообраќајна несреќа. Многу битно при вакви ситуации е правилно укажување прва помош на повредениот. За да се види колку граѓаните на Куманово  се хумани  и дали сакаат да помогнат на повредено лице во случај на сообраќајна несреќа, отсекот за превенција, полициската станица за безбедност на патниот сообраќај и волонтери на општинската организација на црвениот крст секоја година, според предвидената програма за работа организираат симулациска вежба – укажување на прва помош при сообраќајка. Денеска показната вежба се одржа на градскиот плоштад.

-Колегите од полициска станица за безбедност на патниот сообраќај по случаен избор запираат  возач на патничко моторно возило,  ќе го исконтролираат  и ќе го замолат  да укаже прва помош на повредено лице при сообраќајна несреќа кое што активистите на црвениот крст ја спроведуваат односно се во улога на повредено лице. Секоја година поентата на оваа акција е да  се потсетат  возачите на моторните возила што е нивната обврска и која е улогата во случај на сторена сообраќајна несреќа. Имаме добра соработка со граѓаните како во овој проект и во сите други проекти што ги работи отсекот за превенција така што сме задоволни од акцијата, изјави Горан Маневски, самостоен инспектор за јавен ред и мир

Возачите избрани по случаен избор активно се вклучија во вежбата, но покажаа и солидно знаење што се однесува до преврска на повредена подлактица.

-Денеска на градскиот плоштад во Куманово општинската организација на Црвен крст во соработка со полицијата организираше симулациска вежба по  прва помош каде што се стопираа минувачи и требаше да укажат прва помош на повредено лице со асистенција на волонтери од Црвен крст . Оваа активност  се спроведува веќе неколку години наназад, се надеваме дека ќе продолжи . Доста солидно се снајдоа возачите,  секако тука беа волонтерите да им покажат акко правилно да ја санираат повредата, изјави Христина Петровска , волонтер во ОО на Црвен крст Куманово

Коментари

коментар(и)