Холандски амбасадор на дискусија со младите

Условите за одржување на изборите се исполнети, ние сме тука и вршиме набљудување, истакна  амбасадорот на кралството Холандија, Ваутер Пломп, кој денеска присуствуваше на дискусија со млади на тема Македонија и ЕУ во предизборниот процес. Тој посочи дека Специјалното јавното обвинителство, треба да ги реши сомневањата за нерегуларноста на изборите од минатото.

-Денеска дојдов не толку да зборувам колку да слушам и слушнав многу работи, сите овие работи ќе ги земам со себе ќе ги дискутирам со другите мои колеги, со претставниците на ОБСЕ кои се инволвирани во овој процес и мислам дека најважната порака е дека граѓаните треба да гласаат и  тоа е нивната иднина. Во случај да има пак нерегуларности и притисоци ги охрабрив сите да ги пријават овие во надлежните институции, канцеларијата на МОСТ како и сите меѓународни организации кои ќе ги нагледуваат изборите како што се МОСТ и ОДХР-нагласи тој.

Амбасадорот додаде дека му е драго што е во градот, кој минатата година по немилите настани даде модел за солидарност и меѓуетничките односи, кои се основа за подобра иднина на државата. Првиот човек на градот, Зоран Дамјановски истакна дека одлуката која влада ќе ја води државата е кај граѓаните, а меѓународната заедница треба да обезбеди услови за фер и демократски избори.

-Целта на посетата е да се информира за претстојните изборни процеси, за една мултиетничка заедница како што е Куманово, како се движат работите, потикнат од сознанието на испитувањето на јавното мнение дека над 40% од луѓето сметаат дека тајноста на гласањето не е загарантирана и дека владата знае за таа работа. Целта беше да се даде силна верба пред се на младите луѓе кои треба да ја пренесат таа порака дека гласањето треба да биде личен став, персонален став – изјави Зоран Дамјановски, градоначалник на Општина Куманово.

Настанот го организираше Центарот за интеркултурен дијалог во соработка со амбасадата на кралството Холандија во Скопје и општина Куманово.

-Денес имавме состанок со младите, како што спомена и амбасадорот ние имавме прилика да се сретнеме на Меѓународната конференција која беше организирана во Струга, која имаше за цел борба против расизмот. Понатаму навистина се гледа и нашата работа во она што не засега нас младите така да не контактираа на некој начин  да ги собереме младите од Куманово што и денеска се случи- посочи Флорим Реџепи од ЦИД.

На настанот присуствуваа млади на возраст од 18 до 29 години, кои се дел од изборниот електорат.

 

 

 

Коментари

коментар(и)