Министерството за внатрешни работи информира дека полициски службеници од Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал при МВР вршат претреси во координација со надлежен јавен обвинител од ОЈО за ГОКК во врска со кривични дела „изнуда“, „перење пари и други приноси од казниво дело“ и „несовесно работење во службата“.
„По целосно завршување на акцијата соодветно ќе ја известиме јавноста“, велат од МВР.
За акцијата информира и Обвинителството.
„Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција координира дејствија на полициски службеници од Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал при МВР. Врз основа на наредби обезбедени од надлежното јавно обвинителство се вршат повеќе претреси за обезбедување докази во врска со кривични дела „изнуда“, „перење пари и други приноси од казниво дело“ и „несовесно работење во службата“. По целосно завршување на акцијата соодветно ќе ја известиме јавноста“, информираат од Обвинителството.