Министерството за внатрешни работи информира дека денеска (29.07.2024) двата хеликоптери од Одделот за воздухопловни единици на МВР дејствувале на повеќе места каде што имаше пожари од поголем обем и беа загрозени неколку села, каде што гореа и куќи.
„Хеликоптерот„ Бел 412“ исфрли 10 тони вода врз пожарот во с.Малино, а потоа продолжи да дејствува врз пожарот кај с.Немањица. Хеликоптерот „Ми 171“ исфрли над 40 тони вода во 18 налети врз пожарот во с. Немањица“, соопшти МВР.