„Апелирам до сите земјоделци да прекинат со палење на стрништа. Палењето на стрништа треба да го посматраат како обид за убиство, затоа што пожарот од тоа стрниште може да навлезе во блиската трева, оттаму во блиската шума, па во блиското село и да убие некој човек. Палењето пасишта од страна на сточарите исто така треба да се посматра како обид за убиство, бидејќи пожарот може да навлезе во квалитетна шума и да убие некој човек. Апелирам до сите граѓани да бидат исклучително внимателни, бидејќи сите знаат што може да предизвика пожар. Фрлање отпушоци на отворено исто може да предизвика голем пожар. Работа со алат кој што искри, фрлање стаклени шишиња, иако ретко, може да предизвика пожари. Доколку некој забележи сомнително движење на лице кое се движи на отворено или во шума истите веднаш да ги пријави на 112. Неколку пожари се намерно подметнати, но вчера детектиравме и појава на пожари од искрење на електрични жици. Ќе поднесеме барање на ЕВН да изврши контрола на затегнатоста на жици иако вакво барање поднесовме пред повеќе од еден и пол месец. Жиците кои се лабави и се допираат поради допирање на ветерот можат да бидат причинители“, спелира директорот на Центарот за управување со кризи.