Помалку од триесет отсто од гласачите во Куманово го оствaриле своето право до 15 часот

Во oпштина Куманово како најголема единица на локалната самоуправа, според бројот на гласачи, денеска до 15 часот своето право на глас го оствариле вкупно 27,79% од гласачите, односно 26.079 лица, покажуваат податоците на Државната изборна комисија.

Податоците се базираат на обработени 98,80 отсто од избирачките места.

На минатите локални избори во истиот период гласале 28,25 отсто од гласачите.

Во општина Старо Нагоричане до 15 часот излезноста изнесува 43,48 отсто, односно правото на глас го оствариле 1.307 лица.

Податоците се базираат на обработени 100 отсто од избирачките места.