-Бадник е највесел ден во годината. Првите весници на раѓањето Христово се децата. Сме навикнале да ги гледаме во црквата и улиците на нашиот град носејќи пештера во раце која ја представува пештерата во која се родил Христос, носејќи ги звездичките кои ја претставуваат Божиќната звезда која им го покажа патот на мудреците и пеејќи ја песничката Вечниот Бог. Оваа година за жал, повторно поради состојбата со коронавирусот нема да се одржи поворката. Меѓутоа мисијата е хуманитарна. Поставени се пунктови за собирање на донации на неколку места и тоа во Јард, кафе бар Версус, Спортикум, фризерско студио Долче вита, Игуала травел и Галерија Касапски круг. Парите од донации ќе се доделат на некое од социјално загрозените семејства од нашиот град. Денес ја поставуваме најголемата макета од пештера изработка на уметникот Мирослав Величковски. Искрена благодарност до здружението „Крепост“. Истата ќе биде поставена овде каде што може да ја посетат граѓание од град Куманово. Пештерата на ден Бадник ќе биде изнесена на градскиот плоштад, изјави Христина Георгиевска, здружение „Бадникови поворки“.
(ВИДЕО) Поставена Бадниковата пештера во Касапски круг
