Поставена енергетски-ефикасна фасада на „Наце Буѓони“

Заврши поставувањето енергетски ефикасна фасада во средното стручно училиште „Наце Буѓони“ и реконструкција на покривот на работилницата, каде се изведува практичен дел од наставата.

Неодамна, училиштето со сопствени средства набавило и компјутерска опрема за осовременување на наставата.

Лани, средното стручно училиште „Наце Буѓони“ набави училиштен мебел за кабинетска настава, за што беа одвоени над 500.000 денари. Во училиштето, неодамна заврши партерното уредување околу училишната зграда, игралиштето и новоизградената спортска сала, заменета е и надворешната столарија, прозорци, поставена беше и инсталација за греење во работилницата.

Со средства од МОН претходно беше изградена спортска сала.