Починал мигрант, кој бил пронајден во безсознание

Починал мигрант во кумановската болница, информира Секторот за внатрешни работи.

Лицето на 9-ти месецов, во безсознание било пронајдено на улицата Никола Тесла, по што веднаш е префрлено во Општа болница Куманово за понатамошно лекување.

Екипа од СВР Куманово презема мерки  за утврдување на идентитетот на починатото лицe и расчистување на случајот.