Првачиња од „Крсте Мисирков“ ја посетија Шпаркасе банка

Триесетина првачиња од основното училиште Крсте Мисирков денеска по повод 31-ви октомври, Светскиот ден на штедење, ја посетија експозитурата на Шпаркасе банка во Куманово. Најмалите имаа можност да влезат во банката, да се запознаат со начинот на штедење, но и да добијат скромни подароци. Вработените истакнаа дека најмалите се добредојдени кај нив, бидејќи какошто велат Шпаркасе е банка на целото семејство.

-Шпаркасе банка води грижа и за најмалите, штедењето се учи од најмала возраст бидејќи потоа ги прати во текот на целиот живот за да  можат да ја планираат својата иднина. По тој повод Шпаркасе банка има производ за најмалите детско штедење, Медо штедо. Големиот број на детски штедни влогови покажува дека и најмалите умеат да штедат доаѓаат овде заедно со нивните родители, баби и дедовци и се радуваат на податоците кои што ги даваме во момент на отворање на детско штедење, тоа се касички, шпаркасе медо штедо заедно со најмалите во шпаркасе банка се добредојдени и нивните родители и баби и дедовци-истакна Маја Ѓеорѓиевска, раководител експозитура Куманово.

Од училиштето се заблагодарија на тимот што ги поканил на вакво дружење. Шпаркасе банка скоро во сите експозитури на ниво на државата организира вакви настани, со цел децата да влезат во нивниот објект, да се запознаат со начинот на отворање штедна книшка и од мали нозе да учат да штедат.

Коментари

коментар(и)