Први декември -Светски ден за борба против сида

Денешниот ден се одбележува како Светски ден за борба против сидата . За РМ ова е последениот први декември во којшто земјата добива меѓународна поддршка  за да ги спроведува  интервенциите од Националната програма  за ХИВ. Претставници на здружението ПУЛС од Куманово и општинската организација на црвениот крст, кои што се дел од Платформата  за одржливост  на сервисите за превенција  и поддршка на ХИВ,  денеска од градскиот плоштад го упатија последниот повик за акција и минимум лидерство за да се спречи затвборање на сите програми за ХИВ, 12-годишен регрес и сценарио на епидемија на ХИВ во државата.

Претставниците на здруженијата и на црвениот крст ширум државата ги повикуваат оние кои носат одлуки за граѓаните и во име на граѓаните да ги стават заштитата на здравјето и животот на граѓаните како врвен приоритет. Бараат-  ургентно да се направи корекција на буџетот за ХИВ за 2017 година, да се изнајде ургентен механизам за финанасирање на програмите за групите под особен ризик за ХИВ за периодот јули-декември 2017 година  и да се обезбедат финансиски средства  од националниот буџет  со кој што на долг рок  ќе се осигура  одржливоста на превентивни програми за превенција  и поддршка од ХИВ за групите под особен ризик од ХИВ.

Инаку, според податоците од центарот за јавно здравје,  15 лица се регистрирани како хив позитивни во Куманово во последниве триесет години откако почнала да се следи состојбата. Од нив кај тројца мажи инфекцијата е откриена годинава.

Коментари

коментар(и)