Прегазена повозрасна кумановка, возачот избегал

МВР информира дека  вчера во СВР Куманово било пријавено дека на крстосницата од ул.„Доне Божинов“ и ул.„Фетка Наскова“ во Куманово, патничко моторно возило удрило во 76- годишен жител на  с. Горно Којнаре, кумановско, по што го напуштило местото.

Во незгодата како што појаснуваат од полицијата, повозрасната кумановка се здобила со тешки телесни повреди констатирани во Општа болница Куманово.

Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Куманово и се преземаат мерки за расчистување на случајот.