Предложено укинување на КОВИД-сертификатите при влез во земјава

Комисијата за заразни болести денеска препорача да се укине задолжителното поседување сертификат за вакцинација или прележаност на КОВИД-19 за влез во земјава. Овие потврди ќе останат да важат за влез во угостителски објекти.

За оваа обврска при влез во ресторани и барови не е препорачано да биде укината зашто Комисијата смета дека не е добро да се укине сè одеднаш туку постепено.

– Постепеното укинување на мерките дава резултат и тоа се гледа по секојдневниот пад на бројките, велат од комисијата.

Новиот предлогот за влез во земјава без сертификат за вакцинација или прележаност треба да биде усвоен од Владата.

На седница вчера Владата ја одобри претходната порака– да се укине мерката за задолжително носење заштитни маски во затворeни простории, освен во здравствени домови, аптеки, јавен превоз и во домовите за стари и установи за згрижување лица со посебни потреби.

Коментари

коментар(и)