Без вода во текот на денешниот ден привремено се неколку локации во Куманово поради дефекти во водоводната мрежа.
Како што информираат од Регионалниот центар за управување со кризи, привремени прекини има на улицата „Индустриска “, железничка станица, локалитет Водовод, како и на улиците „Вера Јоциќ“, „Димитрие Туцовиќ“ и „Јакуп Асипи“.
Екипите на ЈП „Водовод“ се на терен и работат на отстранување на дефектите.
