Без напојување со електрична енергија денеска се повеќе делови од Куманово
Според билтенот на Регионалниот центар за управување со кризи денеска до 14 часот прекини ќе има на улиците „Никшичка“ и „Титова Митровачка“, основното училиште „Кочо Рацин“, населбата Јане Сандански (Бабин дол), училиштето „Магдалена Антова“, улиците „Живко Чало“, „Никола Карев“ и „Моша Пијаде“.
Прекини во период од 09:30 до 13:30 часот ќе има во селото Костурник, како и дел од индустриската зона во село Речица и локалитетот „Жмара“.