Претседателката на ЛДП Моника Зајкова во посета на „Порака наша“

Новата претседателка на Либерално демократската партија, Моника Зајкова денеска е во прва официјална посета на Куманово. Освен што се сретна со претставниците на општинската организација на ЛДП, таа го посети и дневниот центар за лица со интелектуална попреченост „Порака наша“.

„Сакавме по празниците да направиме официјална посета и на оптшинската бидејќи претстои роденден на партијата, ќе слави 26 години од своето постоење. Да направиме еден симболичен гест, празниците да ги споделиме и со лицата кои се во дневниот центар за лица со попреченост „Порака наша“. Беше пријатно чувството да се сподели радоста, која ја имаме овие денови со лицата во центарот-истакна таа.

Коментари

коментар(и)