Приведена кумановка фатена при обид за кражба

Дваесет и четиригодишна кумановка вчера била приведена откако била фатена при обид да изврши кражба од куќа.

Имено полициски службеници од СВР Куманово ја лишиле од слобода М.З.(24 години) од Куманово, информираат од Министерството за внатрешни работи. Како што појаснуваат од полицијата, таа била затекната при обид да одземе предмети во куќа на улицата „Братство Единство“ Куманово.

М.З. била приведена во полициска станица и по целосно документирање на случајот против неа ќе следува соодветна пријава.

Коментари

коментар(и)