Министерството за внатрешни работи информира дека вчера во Меморијален центар АСНОМ во селото Пелинце, општина Старо Нагоричане, полициски службеници од СВР Куманово лишиле од слобода двајца кумановци на возраст од 41 и 39 години.
Како што информираат од МВР, лицата биле приведени по претходна пријава дека во Меморијален центар физички нападнале вработен во агенција за обезбедување, а потоа се однесувале агресивно и физички нападнале полициски службеници кои извршувале службени дејствија.
– Тие биле приведени во полициска станица и по целосно документирање на случајот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава, стои во соопштението.