Приведени татко и син, нападнале полицаец

Полициски службеници од Секторот за внатрешни работи Куманово ги привеле 35-годишниот М.Ц  од Куманово и неговиот малолетен син затоа што во 20.40 часот на булеварот „Октомвриска револуција“ М.Ц. се однесувал агресивно и  попречувал полициски службеници кои вршеле службени дејствија, додека неговиот малолетен син физички нападнал полициски службеник, информира кумановската полиција. По целосно документирање на случајот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.

Коментари

коментар(и)