Приведен крадец – одзел злато во Средорек
Од дневниот билтен на МВР ги издвојуваме настаните:
Полициски службеници од СВР Куманово вчера лишиле од слобода 24-годишен кумановец. Тој се сомничи дека со употреба на сила влегол во приватен имот во населбата Средорек во Куманово и одзел злато. Тој бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветна пријава.
Вчера, во СВР Куманово било пријавено дека за време на одржување на велосипедска трка, при пристигнување на целта паднале и се повредиле една малолетничка од Полска и С.М.С.(21) од Норвешка, кои се учеснички на младинските европски олимписки игри кои се одржуваат во нашата земја. Тие се здобиле со телесни повреди констатирани во Општа болница Куманово, соопштија од СВР Куманово.
Според Владимир Симоновски, главен медицински техничар во ЈЗУ Општа болница Куманово, вчера две девојчиња, едното малолетно, другото на возраст од 21 година околу 13.20 часот биле примени во болницата, прегледани од двајца лекари и констатирано е дека се здобиле со гребнатини по различни делови од телото.
„Направени се пропратни испитувања, снимања, се работи за лесни повреди, спроведена е опсервација од лекарите по што девојчињата се преземени од одговорните лица за младински олимписки комитет“, изјави Симоновски.