Приведен криумчар, пронајдени 13 мигранти

Криумчар на мигранти вчера бил приведен во Куманово, а во неговото возило полицијата открила 13 лица од Пакистан.

Имено околу 15 часот полициски службеници од полициската станица за граничен надзор Сопот при Регионален центар за Гранични работи Север, во близина на село Костурник на автопатот Куманово – Табановце во товарно моторно возило „форд транзит“ со скопски регистарски ознаки, управувано од триесет и четиригодишниот А.К од Рашче, скопско пронашле 13 лица-мигранти од Пакистан, информираат од Министерството за внатрешни работи.

Како што додаваа од полицијата, А. К. е приведен и против него ќе биде поднесена кривична пријава.

Коментари

коментар(и)