Приведен кумановец, затекнат при обид за кражба

Полициски службеници од Секторот за внатрешни работи Куманово го лишиле од слобода Е.И.(32 години) од Куманово. Тој бил затекнат при обид да одземе предмети од куќа на улицата „30 Јули“.
Е.И. бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Коментари

коментар(и)