Приведен кумановец осомничен за тешка кражба

Врз основа на наредба од Основен суд Куманово,  полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода Е.Б.(25 години)  од Куманово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело по член 236 став 1 од Кривичниот законик – „тешка кражба“.

Тој бил спроведен во Основен суд Куманово за понатамошна постапка, информира полиција.