Полициски службеници од Секторот за внатрешни работи Куманово го лишиле од слобода С.С.(31 година) од Куманово затоа што при преглед во неговото возило биле пронајдени и одземени бела прашкаста, бела грутчеста материја, розова грутчеста материја и предмет со остатоци од бела прашкаста материја. По целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветна пријава.