Приведен липковец за обид за кражба во обложувалница

Полициски службеници од СВР Куманово вчера околу 15 часот лишиле од слобода 55- годишен жител на Липково . Тој, во спортска обложувалница на улицата „Борис Кидрич“ во Куманово се  обидел  да одземе пари од вработената. Осомничениот бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Коментари

коментар(и)