Полициски службеници од СВР Куманово вчера во 14.40 часот лишиле од слобода 76 -годишен кумановец. Tој се сомничи дека извршил кражба во деловен објект на улицата „11-ти Октомври“. Осомничениот бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветна пријава, соопштија надлежните.