МВР соопшти дека вчеравечер 37-годишен кумановец, сопственик на деловен објект на улицата „Вараждинска“ пријавил дека едно лице со остар предмет се заканувало кон вработената, но не успеало да одземе ништо. Полицијата презема мерки за пронаоѓање на сторителот.