Навреме да се чистат оџаџите, за да не дојде до пожари, апелираат надлежните, откако територијалната противпожарна единица Куманово бележи поголем број на вакви интервенции. Од почетокот на годината од вкупно 33 интервенции, дури 11 се на запалени оџаци.