Машката ракометна репрезентација на Македонија в сабота од 16 часот, во спортската сала во Куманово ќе одигра пријателски натпревар со репрезентацијата на Јапонија.
Од вчера билетите се пуштени во продажба преку сајтот karti.com.mk.
Цената е симболична од само 100 денари и билетите ќе се набавуваат онлајн.
Инаку, мечот со Јапонија е почеток на подготовките за настапот на Европското првенство во Данска, Шведска и Норвешка во јануари 2026.
