Министерството за внатрешни работи информира дека вчеравечер 20 часот на Граничниот премин „Деве Баир“, на излез од државата, полициски службеници лишиле од слобода 40-годишен државјанин на Р.Албанија, затоа што при гранична контрола и претрес на товарно возило „волво“ со албански национални ознаки, кое тој го управувал, во кабината на влекачот, биле пронајдени и одземени 24 пакувања со марихуана. Известен бил јавен обвинител, а возачот е задржан во полициска станица за понатамошна постапка.