Продолжен рокот за земјоделците за јавниот повик за користење средства од ИПАРД програмата

Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој донесе одлука за  продолжување на крајниот рок на јавниот повик 01/2023 за доставување на барања за користење на средства од ИПАРД програмата 2014 – 2020.

Продолжувањето доаѓа на барање на заинтересираните странки кои поради објективни потешкотии не се во можност да ги обезбедат соодветните понуди за планираните инвестиции и со тоа навремено да ги достават потребните документи за користење на финансиската поддршка.

Продолжувањето на рокот согласно одлуката е 15 дена со што крајниот рок за јавниот повик 01/2023 е 03.10.2023.

Коментари

коментар(и)