По повод 11-ти Ноември, Денот на ослободување на Куманово, а под покровителство на градоначалникот и Советот на Општина Куманово, и Министерството за култура, Културно-уметничкото друштво „Панче Пешев“ и Младинскиот културен центар „Козјак“ утре ќе го промовираат видео записот од одржаниот 3-ти Меѓународен фолклорен фестивал Куманово.
Промоцијата ќе се одржи во салата на МКЦ Козјак со почеток во 19 и 30 часот.
Влезот е слободен а можат да присуствуваат сите заинтересирани граѓани.