Документарниот филм „Три манастирски цркви во кумановско“ на Валентина Андреиќ, кустос советник, историчар на уметност во НУ Музеј ќе биде промовиран в понеделник во Занаетчискиот дом, со почеток во 19 часот.
Документарецот на Андреиќ годинава е добитник на високото признание – ЗЛАТНА КАМЕРА 300, на 33-то издание на фестивалот во Битола.
Филмот „Три манастирски цркви во кумановско“ претставува длабинска уметничка обработка на духовното и културното наследство на трите манастирски храмови, прикажани преку внимателно избрана визуелна естетика и стручна документарна поставеност.
Филмот е финансиран од Министерството за култура и туризам и е дел од годишната програма на Националната установа Музеј Куманово.