Промоција на новиот инстант лоз „Калинка“ утре во Куманово

Во Куманово утре ќе биде промовиран новиот инстант лоз „Калинка“ на Државна лотарија на Македонија.

Кумановци, љубителите на игрите на среќа, случајните минувачи ќе имаат можност да бидат дел од настанот што ќе биде организиран пред продажното место ПАВЕЛ ТОБАКО. Водител на програмата ќе биде секако Марјана Станојковска, а помошник водител Викса.

Граѓаните веруваат во игрите на среќа. Играат лото, гребат грепки, добиваат одлични парични награди. Сега пак, со новиот инстант лоз „Калинка“ шансите за добивка уште повеќе се зголемени.

Во оваа 15-та година од приредувањето игри на среќа Државна лотарија го истакнува значењето на плодот калинка земен како симбол во новото корпоративно лого и го вклучува во игра во којашто трите калинки ќе донесат и среќа и благодeт и радост.