Воз ги прегазил двајцата мигранти вчера кај Табановце

Двајцата мигранти, чии што тела беа пронајдени вчера покрај железничката пруга кај кумановското село Табановце биле прегазени од воз, соопшти денеска СВР Куманово. Идентитетот на едното лице е веќе утврден и станува збор за државјанин на Авганистан, за второто починато лице полицијата сè уште работи на утврдување на идентитетот.

Инаку, вчера во 15:42 часот во СВР Куманово било пријавено дека покрај железничка пруга во село Табановце, кумановско, биле пронајдени две тела на починати лица мигранти.

По насоки од Јавен обвинител телата се предадени за погреб.

Коментари

коментар(и)