Превртен автомобил во Доброшане, нема повредени

Кумановските пожарникари во текот на изминатото деноноќие имале две интервенции, стои во дневниот билтен на Регионалниот центар за управување со кризи.

Првата интервенција била во село Доброшане на превртен автомобил, „голф“. Во незгодата нема повредени, а интервенцијата била по 23 и 30 часот.

Пожарникарите утринава по 06 часот, бележат уште една интервенција, на заплаен оџак во општина Липково.

Коментари

коментар(и)