Пронајден кокаин, приведен дилер

Во Секторот за внатрешни работи Куманово вчера бил приведен дваесет и седумгодишен кумановец, бидејќи кај него бил пронајден кокаин.

Полицијата информира дека дрогата била откриена при контрола, извршена од полициски службеници од Одделот за криминалистичка полиција при МВР, на граничниот премин Табановце.

Исто така, било утврдено дека при пасошка контрола приложил фалсификуван негативен ПЦР тест. По целосно документирање на случајот против него ќе бидат поднесени соодветни пријави.

Коментари

коментар(и)