Пронајден пиштол кај 22-годишник од Блаце

МВР информира дека вчеравечер околу 23 часот кај бензинска станица во липковското село Лојане, полициски службеници од Регионален центар за гранични работи Север – Полициска станица за граничен надзор Сопот  лишиле од слобода 22-годишен жител на с.Блаце, скопско.

Според МВР, при преглед во патничко возило „фолксваген голф“, со скопски регистарски ознаки, што го управувал, бил пронајден пиштол „М 57“ со една рамка со пет куршуми, калибар 7,62 мм, за кој не поседувал дозвола.

Тој бил приведен и предаден на полициски службеници од СВР Куманово и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена пријава по член 396 од Кривичниот законик.

Коментари

коментар(и)