Пo 3.000 денари за самохрани родители, средношколци, пензионери бара ВМРО-ДПМНЕ

Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата за обнова на Македонија поднесоа 6 амандмани со кои бараат да се прошири опфатот на финансиската поддршка и за заборавените категории граѓани.

-Со амандманите предлагаме финансиска поддршка од 3000 денари да има за сите самохрани родители, а не само за оние чии деца се на возраст до 7 години и се приматели на гарантирана минимална помош. Бараме по 3000 денари месечна финансиска поддршка за сите средношколци, деца без родители и родителска грижа, по 3000 денари и за невработените лица кои се активни барали на работа, како и за корисниците на гарантирана минимална помош. Дополнително, сметаме дека поддршката за пензионерите е недоволна и не ги опфаќа сите и токму затоа бараме сите пензионери со примања до 18.000 денари да добијат месечна финансиска поддршка од 3000 денари, тие што имаат до 30.000 денари да добијат 2.000 денари месечно, а останатите по 1000 денари месечно – изјави денеска Бојан Стојаноски, пратеник од ВМРО-ДПМНЕ.

ВМРО-ДПМНЕ предложи секој викенд до крајот на кризната состојба да биде викенд без ДДВ за прехранбените производи, да се врати мерката субвенциониран студентски оброк, со износ од 160 денари дневно. Да се намалат акцизите на дизелот и бензинот, да се одложи прогресивното оданочување за дополнителна една година. Да се даде финансиска поддршка на сите граѓани на кои им е потребна, а не само на неколку илјади.

 

 

Коментари

коментар(и)