Реакција од Општина Куманово на пресот на ВМРО

-Запознaени сме со проблемот на улиците „Среќко Пужаљка“и  „Перо Чичо“  во центарот на градот.

Во изминатиот период имаше обилни врнежи од снег. По затоплување на времето снегот почна да се топи и поради тоа на некои улици има кал.

Сметот и ѓубрето од овие улици во текот на денот ќе се  изнесат, а исто така ќе се направи интервенција во рамките на чистење на улиците од кал и нанос.

Што се однесува на фекална канализација, треба да се дополни и дотампонира со материјал каде што недостига. Откако ќе се направи приклучок на индивидуални станбени објекти од тој дел на градот и по испитување општината  ќе пристапи кон реконструкција на дел од  улиците „Живко Чало“  и „Среќко Пужаљка“ се вели во реакцијата од Општина Куманово

 

Коментари

коментар(и)