Околу 4.000 висококвалитетни садници засади јавното претпријатие „Чистота и зеленило“ во 2024 година, а од почетокот на годинава и значителен дополнителен број садници, кои се сопствено производство на расадникот, информираат надлежните.
Од комуналното претпријатие апелираат до граѓаните да не ги уништуваат садниците кои придонесуваат за почист воздух и поздрава животна средина.
Екипи на јавното претпријатие „Чистота и зеленило“ денеска садат нови садници на плоштадот „Маршал Тито“.