Реновирани детското и интерното одделение

Реновирани  се дневните болници, специјалистичките амбуланти и приемните простории на детското и интерното одделение . Менаџерскиот тим на општата болница денеска ги промовираше обновените простории во оваа јавна здравствена установа. Како што информираше директорот  Ариф Латифи со реконструкцијата опфатени се 250 метри квадратни од детското одделение и 150 метри квадратни  од интерното одделение, со средства од болницата.

-Условите во овие две одделенија не беа на задоволително ниво, бевме приморани да направиме реконструкција на просториите за да можат нашите најмали пациенти и пациентите на Интерно да добијат услови какви што заслужуваат.Ова што го вложуваме е за доброто на нашите пациенти“-изјави директорот на кумановската болница, Латифи.

Надлежните од детското одделение кое што оваа сезона речиси  е и најпосетено од најмалите задоволни се од извршената реконструкција, а наскоро очекуваат и обнова на внатрешниот дел на одделението.

-За најмалите го правиме најдоброто што се може.Во моментов во текот на едно деноноќие имаме од 70- 80 пациенти со различна, најчесто со респираторна патологија, воспаленија на бели дробови, настинки, воспаленија на синуси,на горни дишни патишта -изјави д-р Аднан Сулејмани, началник на Детско одделение во Општа болница

Шефот на интерното одделение, доктор Томица Анчевски смета дека пациентите во иднина ќе добиваат поквалитетна здравствена заштита и услуга .

-Во овие простории  се примаат пацинети со приоритетни упати, пацинети кои ги носи службата за Итна медицинска помош, ургентната и ноќната амбуланта.Во амбулантата поминуваат по 60-тина пациенти, изјави д-р Томица Анчевски, шеф на Интерно одделение

Наскоро се очекува да отпочне и реконструкцијата на физикалното одделението за физикална терапија, АТД и подрумските простории каде што беше сместена амбулантата на хирургија. Во иднина тука ќе функционираат амбулантите за гинекологија и акушерство.

Коментари

коментар(и)