Стечајците повторно на протест

Стечајните работници секој нареден понеделник наместо да се состануваат во зградата на поранешен комитет како што беше досега, ќе ги блокираат влезот и излезот на Куманово кон Скопје. А доколку и ваквиот начин на изразување на нивниот револт не вроди со плод, односно ако не издејствуваат од  државата конечно да го реши нивниот статус и да ги обештети , стечајните работници членови на здружението УНИТ планираат да не гласаат  на претстојните вонредни парламентарни избори.

– Не се откажуваме од правата,   тие пари што ги бараме ќе одат од државата за државата, за сметки , за лекови и ако остане за брашно, изјави Лилјана Георгиевска, УНИТ

Стечајните работници им порачуваат на надлежните да ги земат предвид кога го донесуваат буџетот или пак ребалансот. Штом државата одвои пари за мигрантите кои што само требаше да транзитираат низ македонија, под итно бараме да го решат и нашиот статус, потенцираат стечајните работници.

За разлика од државата, политичките партии, хуманитарните и граѓански организации кои, како што велат стечајците  повеќе од две години воопшто не ги спомнале, а не пак да им помогнат, локалната самоуправа последниве години ги субвенционира  при плаќање на сметките за вода и за ѓубрарина.

Коментари

коментар(и)