Ретроспективна изложба на Мирослав Трендафиловски (Мики)

До 10-ти декември љубителите на ликовната уметност ќе имаат можност да ја посетат ретроспективната изложба на авторот Мирослав Трендафиловски поставена  денеска во изложбениот салон на центарот за култура „Трајко Прокопиев“ .

Преку 20-тина слики и цртежи создадени во различни техники претставени се творечките фази на ликовниот уметник во текот на 45 -годишното творештво.  

Изложбата ја отвори историчарот на уметност, Роберт Цветковски.

„ Да бидеш сликар, значи да бидеш човек кој има свој свет, свои погледи и своја приказна на животот која често пати не е разбирилива и прифатена од околината во која живееш“ вели авторот Трендафиловски, истакнувајќи дека изложбата ја посветува на неговиот син Матеја, чиј што портрет е дел од поставената изложба. „Повод за оваа изложба е сликата „Раѓање на…“ создадена во далечната 1974 година кога имав 16 години и кога започна моето активно ликовно творештво“, рече Трендафиловски.

Проектот е поддржан од министерството за култура.

Инаку, Мирослав Трендафиловски (Мики) e сликар, роден 1958 година во Куманово, каде живее и работи како самостоен уметник. Досега има реализирано 27 самостојни изложби и учествувал на голем број меѓународни ликовни колонии и групни изложби во земјава и надвор од неа.

 

Коментари

коментар(и)