Санкционирани над двеста возачи во државата

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден спроведе засилена акциска контрола на територијата на Македонија за санкционирање на возила што се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 206 возачи. Од нив, 17 возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а едно возило се движело со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина. Притоа, 77 возила ја пречекориле брзината во населено место, а 129 надвор од населено место. За време на акциската контрола санкционирани биле и 209 други видови прекршоци, соопшти МВР.

Коментари

коментар(и)