Во „Наце Буѓони“ нов профил- техничар за индустриска мехатроника

Во средното техничко училиште „Наце Буѓони“ од идната учебна година ќе има нова дуална паралелка, за профилот техничар за индустриска мехатроника по германски модел.

Дуалната паралалека ќе се реализира заедно со компанијата Дрекслмајер – Куманово-изјави директорот на училиштето Драган Јаневски.

Учениците ќе следат дел од наставата во училиштетот, а дел практична настава и обука во самата компанија. Во ова училиште кое со години продуцира кадри потребни за реалниот сектор, настава следат приближно 2.000 ученици на македонски и албански наставен јазик.

Во стручното училиште има машинска струка, техничар за компјутерско управување, машинско-енерегетски техничар и конструкциски механичар, електротехничка со насоките електротехничар за компјутерска техника и автоматика електротехничар-енергетичар и здравствена струка.

Училиштето со години подготвува кадар за потребите на компаниите од Куманово и државата како што машински механичари, машински техничари, електроенергетичари, програмери, медицински сестри.

Коментари

коментар(и)