Од 28-ми етапната исплата на јунските пензии

Владата на последната седница ја усвои Информацијата за исплата на пензии за месец јуни со задолжување на Фондот на пензиското и инвалидското осигурување да ги достави податоците за пензиите до деловните банки најдоцна до 27 јуни.

Со овие препораки, како што информира Владата, деловните банки ќе обезбедат пензионерите да може да располагаат со јунските пензии преку мрежата на банкомати и во трговската мрежа од 28-ми јуни.

Готовинската исплата на пензии за клиентите кои не користат картички, банките ја организираат во четири групи според следниот распоред составен според висината на пензии:

За пензии со висина до 11.000 денари, исплатата да се изврши на 28-ми, од 11 до 14.000 денари ќе се изврши на 29-ти среда, за пензии со висина од 14.001 до  18.000 денари, на 30-ти  четврток и за пензии над 18.000 денари на 1-ви јули, петок.

Коментари

коментар(и)