Санкционирани над 270 возачи вчера во земјава

Во текот на вчерашниот ден Министерството за внатрешни работи спроведе зајакната акциска контрола на територијата на Македонија за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 271 возач.

Од нив, 13 возилa се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а три возила се движеле со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина. Притоа, 89 возачи ја пречекориле брзината во населено место, а 182 надвор од населено место, соопшти МВР.

Коментари

коментар(и)